Бразил бара објаснување од САД за шпионирањето на Петробрас

Претседателката на Бразил Дилма Русеф.

Претседателката на Бразил Дилма Русеф бара објаснување од американската влада по извештаите дека Агенцијата за национална безбедност го шпионирала бразилскиот нафтениот гигант Петробрас. Во соопштението објавено од страна на нејзината канцеларија, Русеф вели дека ако извештаи се вистинити, тогаш САД шпионирале од „економска и стратешка“ корист, а не од безбедносни причини или за контратероризам. Во соопштението се наведува дека Петробрас не е закана за безбедноста на која било земја. Петробрас е најголемата компанија во Бразил и светски лидер во експлоатацијата на нафта од многу длабоки води. Изјавата на Русеф уследи откако бразилската телевизија Глобо објави дека американската Агенција за национална безбедност ги хакирала компјутерските мрежи на Петробрас.