Рајс - воената акција во Сирија „нема да биде уште една војна“

Советничката за национална безбедност на американскиот претседател Барак Обама, Сузан Рајс.

Советничката за национална безбедност на американскиот претседател Барак Обама, Сузан Рајс, ветува дека каква било американска воена акција во Сирија „нема да биде уште една војна“. Зборувајќи во Фондацијата Нова Америка во Вашингтон, Рајс рече дека САД „мора да преземат акција внимателно, одговорно и со цел“ да ја намалат способноста на хемиското оружје на сириската влада, откако таа наводно изврши хемиски напад во предградие на Дамаск на 21 август. Таа изјави дека, по нападите, Вашингтон има намера повторно да се обиде да истурка политичка резолуција за граѓанската војна во Сирија во ОН. Администрацијата на Обама се обидува да ги убеди конгресмените и скептичната јавност дека ограничените напади се во интерес на националната безбедност и нема да значат продолжување на ангажманот на САД во странска војна.