Навални - победата ми беше одземена

Алексеј Навални.

Опозицискиот кандидат за градоначалник на Москва, Алексеј Навални, на протестниот митинг на плоштадот Болотонаја во главниот град на Русија, рече дека победата на изборите во неделата му била одземена со измама. Изборните власти веќе го прогласија актуелниот про-владин градоначалник Сергеј Собјанин за победник на изборите, но Навални вчера рече дека гласањето родило вистинска опозициска сила во Русија. Од изборниот штаб на Навални велат дека на изборите имало прекршувања, доволни Собјанин да освои 51,3 отсто од гласовите и да избегне втор круг од изборите. Навални во првиот круг освои 27,2 отсто од гласовите. Според московската полиција на протестниот митинг на Навални имало околу 9.000 луѓе, додека други извори посочуваат дека имало над 10 илјади. Властите дадоа дозвола за митинг со не повеќе од 2.500 луѓе.