Преговорите на Сарачини во Приштина без резултат

Приштина 09.09.2013

Косово нема да ги укине мерките за забрана на увоз на производи од Македонија се додека Македонија не ги укине воведените мерки. Ова денеска во Приштина го изјави косовската министерка за трговија и индустрија Мимоза Кусари Лила, по разговорите со македонскиот министер за економија, Валон Сарачини. Министрите изјавија дека и двете влади остануваат посветени на решавањето на проблемите меѓу двете земји и на повторно воспоставување нормални трговски односи. Сарачини имал средба и со косовскиот министер за финансии, Бесим Беќај, по што изјави дека македонската влада е заинтересирана за што поскоро надминување на настанатата ситуација, бидејки тоа е од интерес и на економиите и на граѓаните на двете земји.
Добро е што почнавме дијалог и се надевам дека наскоро ќе ги усогласиме ставовите. Преговорите ќе продолжат и во наредните денови, изјави Сарачини во Приштина.