Лавров - напади врз Сирија ќе резултираат со нов терор

Валид ал Муалем и Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, по средбата со сирискиот колега Валид ал Муалем во Москва предупреди дека евентуални воени напади врз Сирија од страна на САД ќе предизвикаат нов бран тероризам и бегалци. Коментарот на Лавров доаѓа во време кога администрацијата на Обама го притиска Конгресот да авторизира ограничени напади врз цели на сириската влада која, според Вашингтон, употребила хемиско оружје во предградие на Дамаск.