Времето денеска сончево

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста и во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура се движи од шест до 16, а дневната од 25 до 33 степени. Во Скопје слично време, со температура до 31 степен.