Пожари во скопскиот регион

Четири пожари избија во скопскиот региој во последниве 24 часа, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Активирани се противпожарните авиони за гаснење на пожарите во општина Илинден во атарот на селата Миладиновци и Ајаватоци и во Коњари. Гори и шума на Средно Водно како и мешана шума во атарот на селото Варвара, општина Студеничани. Според надлежните, повеќето пожари се локализирани.