Министерот за надворешни работи на Иран во посета на Ирак

Новоназначениот ирански министер за надворешни работи пристигна во Ирак, неговата прва официјална посета во странство во рамки на новата должност. Мохамед Јава Зариф денеска треба да се сретне со неговиот ирачки колега Хошјар Зебари. Предвидена е и средба на Зариф со премиерот на Ирак Нури ал Малики.