НАТО и Авганистан се расправаат за цивилни жртви

Властите во Авганистан и НАТО не се согласуваат околу настаните при нападот на беспилотно летало во провинцијата Кунар. Авганистанските власти тврдат дека осуммина цивили меѓу кои жени и деца загинале во воздушниот напад против бунтовници во провинцијата. Портпаролката на Алијансата, од друга страна, изјави дека нема извештаи за цивилни жртви, додавајки дека десетмина “непријателски лица” биле убиени во интервенцијата.