САД и Франција: Расте поддршката за интервенција во Сирија

Соединетите Американски Држави и Франција сметаат дека расте меѓународната поддршка за иницијативата за воена интервенција во Сирија, како реакција на употребата на хемиско оружје против бунтовниците во земјата.
Американскиот државен секретар Џон Кери при посетата на Париз изјави дека се повеќе држави го поддржуваат планот на Соединетите Американски Држави. Франција за сега е единствената земја која јавно се изјасни дека ќе го поддржи Вашингтон во воена операција во Сирија.