Нова рунда од дијалогот Белград-Приштина

Хашим Тачи

Премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи ќе се сретнат попладнево во Брисел во рамките на 16-та рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина. Брисел очекува во рамките на оваа рунда од дијалогот да биде постигнат договор околку прашањата поврзани со електричната енргија и телекомуникациите, за кои се преговара веќе две години. Портпаролот на Ештон, Маја Коцијанчич изјави дека покрај прашањата за струјата и телекомуникациите, доминантна тема на денешните разговори ќе бидат и подоготвките за локалните избори во Косово закажани за 3 ноември.