ЕУ верува дека сиријската влада е инволвирана во хемискиот напад

Кетрин Ештон

Шефицата за надворешна политика на Европската унија Кетрин Ештон изјави дека 28-те земји членки на Унијата се согласни околу тоа дека расположливите докази укажуваат на инволвираност на сиријската влада во минатомесечниот напад со хемиско оружје. Ештон ја даде изјавата откако американскиот државен секретар Џон Кери се сретна со министрите за надворешни работи од земјите членки на ЕУ. Според Ештон, Унијата бара силен одговор на нападот со хемиско оружје од 21 август. Земјите членки се поделени околу барањето на Соединетите американски држави за контролирана воена интервенција во земјата.