Исклучоци од санкциите за Иран - дозволен увоз на нафта

Соединетите американски држави одобрија исклучоци од санкциите за Иран кои важат за 11 земји кои лани го прекинаа увозот на нафта од Исламската република. Стејт департментот соопшти дека Европската унија не купила нафта од Техеран од јули 2012 година. Поради ваквото намалување, десет европски земји добиле право да набават иранска нафта. Станува збор за Чешка, Белгија, Франција, Германија, Грција, Холандија, Полска, Шпанија и Велика Британија. Исклучокот важи и за Јапонија, земја која значително го намали увозот на сирова ната од Исламската република. Меѓународните санкции за Иран се насочени кон намалување на економската активност во земјата поради спорната нуклеарна програма на официјален Техеран, за која САД стравуваат дека може да се употреби за производство на нуклеарно оружје.