Македонските кошаркари ја победија Србија

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја забележа првата победа на Евробаскетот во Словенија, откако вечерва со 89:75 ја совлада фаворизираната Србија.

Најефикасни во македонскиот националниот тим беа Мекејлеб – 27 поени, и по 16 поени Владо Илиевски и Перо Антиќ.

Кај Србите најмногу поени постигнаа Данило Анѓушиќ 19 и Немања Бјелица 13.

Постигнати резултати на другите две денешни средби од Б групата на евро-шампионатот: Црна Гора – Босна и Херцеговина 70:76 Летонија – Литванија 59:67.,