Обама: лидерите на Г20 поделени за воениот удар врз Сирија

Американскиот претседател Барак Обама на крајот од самитот на Г20 во Санкт Петербург изјави дека недејствувањето во врска со хемискиот напад во Сирија ќе ги охрабри „непријателските земји„ исто така да употребат хемиско оружје. Тој додаде дека повеќето од лидерите на самитот се согласиле со него оти режимот на Башар ал Асад го извршил нападот со хемиско оружје на во близина на Дамаск. Сепак, според него, тие останале поделени околу употребата на сила врз Сирија без поддршка од Советот за безбедност на Обединетите нации. Обама додаде дека тој му рекол на рускиот претседател Путин дека не очекува Москва да се согласи со Вашингтон околу Сирија. Тој најави дека во вторник ќе има обраќање до американскиот народ во врска со Сирија.