Путин и Обама неусогласени околу Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин на денешната прес конференција по завршувањето на самитот на Г8 во Санкт Петербург изјави дека на неговата 20 минутна тет а тет средба со американскиот претседател Барак Обама тие не се согласиле околу Сирија. Тој оцени дека воениот удар врз сирискиот режим што го заговара Вашингтон би можело да има последици врз светската економија. Според Путин, хемискиот напад во близина на Дамаск на 21 август бил провокација која треба да поттикне меѓународна воена интервенција.