Ерменија нема да потпише договор за асоцијација со ЕУ

Евро-комесарот за проширување Штефан Филе денеска изјави дека Европската Унија нема да го покрене потпишувањето на договорот за асоцијација со Ерменија во ноември, како што беше планирано, бидејки Ереван реши да стапи во царинска унија со Русија, Белорусија и Казахстан. Филе, по денешните разговори во Брисел со ерменскиот министер за надворешни работи Едвард Налбандијан, изјави дека членството на Ерменија во царинската унија и договорот со Европската Унија не се компатибилни.