Повторно жешка линија меѓу Северна и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја повторно ја воспоставиле меѓусебната воена црвена телефонска линија, а бил направен и првиот разговор, е соопштено во Сеул. Оваа линија беше прекината во март по третиот нуклеарен тест на Северна Кореја и затворањето на заедничката индустриска зона Кесонг.