Драги - секоја нова помош за Грција значи нови услови

Претседателот на Европската централна банка, Марио Драги денеска изјави дека секоја дополнителна помош за Грција ќе биде проследена со нови услови.
Според Драги, Банката нема да ги преземе загубите од грчките обврзници, кои ги поседува, за да го намали долгот на Атина.
Тој даде негативен одговор на прашањето дали ЕЦБ ќе учествува во намалувањето на грчкиот долг.
Грција веројатно ќе има потреба од околу 11 милијарди евра до крајот на 2015 година поради недостигот на приходи, што ги поттикна шпекулациите дека Атина можеби ќе побара и трет спасувачки пакет