Во Прага пронајдени 16 човечки черепи

архива

Шеснаесет човечки черепи биле пронајдени во центарот на Прага Петнаесет од нив, според полицијата, биле откриени денеска во дрвена кутија во близина на канта со ѓубре.
Вчера, бездомник нашол еден череп, исто така, во центарот на градот. Полицијата соопшти дека не е јасно дали овие два случаи се поврзани.