Во Турција има над 500.000 сириски бегалци

Бројот на сириски бегалци во камповите на Турција се искачи над 200.000 луѓе, а вкупниот број, заедно со тие кои живеат надвор од камповите е повеќе од 500.000 лица. Турскиот весник „Хуриет“ објави дека во низа турски окрузи сиријците биле побројни од локалното население.Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека сириските државјани се сместени во 20 кампови за бегалци, каде што има 45.000 деца и тинејџери.