Путин: Кери лаже дека Ал Каеда не дејствува во Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин го нарече американскиот државен секретар Џон Кери лажго, поради неговото демантирање дека Ал Каеда заедно со опозициските сили се бори во граѓанската војна во Сирија. На еден собир за човекови права во Москва тој изјави дека ја гледал дебатата во американскиот Конгрес во која Кери запрашан за Ал Каеда изјавил дека таа не дејствува во Сирија иако, како што рече Путин, тој знае дека таму постои организацијата Џабат ал Нусра која е поврзана со Ал Каеда. „Тоа ми е неприфатливо. Кога разговараме со американците, сметаме дека се чесни луѓе, но тој лаже и знае дека лаже, а тоа е жално“, изјави Путин. Тој го повтори ставот на Москва дека секоја употреба на сила во Сирија без дозвола на Советот за безбедност на Обединетите нации ќе биде акт на агресија.