Почнува самитот на Г-20

Во рускиот град Санкт Петербург денеска започнува самитот на Групата 20 развиени и економии во развој. Земјите од групата Г-20, кои учествуваат со 90 отсто од економското производство во светот, се надеваат дека ќе постигнат договор за економскиот раст, за трговијата, банкарството транспарентноста и борбата против даночната евазија. Американскиот претседател Барак Обама, најверојатно, ќе го искористи самитот за да ја оправда својата одлучност за воена акција врз Сирија. Обама нема да одржи билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин на самитот поради одлуката на Русија да даде привремен азил на американскиот соработник на разузнавачките служби Едвард Сноуден. Обама ќе се сретне со руските активисти за човекови права во период кога Русија се соочува со сериозни критики од меѓународната заедница поради законот за забрана на геј „пропаганда“.