Незаслужен пораз на Македонија на ЕП во Словенија

Македонските кошаркарски репрезентативци незаслужено со пораз од Црна Гора го започнаа 38 Европско првенство, откако вечерва судиите не ги признаа поените на Македонија на 1,5 секунди до крајот на натпреварот, откако еден противнички играч ја повлече мрежата од својот кош при шут за Македонија.

Протестите на стручниот штаб не ја сменија одлуката на судиите и со тоа традицијата со пораз да стартуваме на европските првенства продолжи.

Конечниот резултат на дуелот од 1.коло во Б групата изнесуваше 81:80 за црногорскиот состав.

Убедливо најефикасни во нашиот состав беа Мекејлеб со 23 и Дамјан Стојановски со 19 поени.