То Вима - Нимиц во Атина и Скопје со нов или стар предлог?

Метју Нимиц следната недела се враќа во Атина и Скопје во нов обид да се најде компромис за прашањето за името на Македонија., пишува „То Вима“.
Според весникот, не се знае дали Нимиц во понеделник на средбата со шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос ќе донесе нов предлог или повторно ќе се разговара за стариот. „То Вима“ потсетува дека последниот предлог „Горна Република Македонија“ беше одбиен од грчката страна затоа што Атина не прифаќа поставување геграфската одредница пред уставното уредување.