Милановиќ - двојазични табли во Вуковар мора да има

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ ја отфрли можноста за одложување на поставувањето табли на латиница и кирилица на зградите на државните институции во Вуковар.
Милановиќ ги повика демонстрантите во Вуковар да прифатат дека војната е завршена и дека поминале повеќе од 20 години од прифаќање на амнестијата. „Хрватска треба да покаже либералност во победата и мирот, силна верба и волја и да ги почитува законите“, изјави Милановиќ.
Двојазични табли беа поставени во Вуковар во понеделникот согласно законот со кој се предвидува задолжителни двојазични знаци во местата каде повеќе од една третина од локалното население припаѓа на некоја од малцинските заедници. Ваквиот потег натера стотици Хрвати да излезат на протест и насилно да ги отстранат таблите.