Сенаторот Мек Кејн играл покер за време на сесија во Конгресот

Американскиот сенатор Џон Мекејн , долгогодишен поборник за воена интервенција во Сирија, бил фатен од камерата на Вашингтон Пост како игра покер на неговиот Ајфон за време на сесија на Комитетот на Сенатот на која се расправаше за одобрување ограничена воена интервензија во Сирија.
Мек Кејн на Твитер призна дека бил фатен.
Тој, исто така, напиша дека сесијата траела три часа.
Подоцна, тој за Си Ен Ен, изјави дека згора на се загубил илјадници долари во играта , појаснувајќи дека тоа е фиктивни пари.