Путин против еднострана акција во Сирија

Во денешното интервју за Асошитед прес рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не исклучува поддршка на резолуција на Обединетите нации за воени напади врз Сирија доколку се утврди дека Дамаск користел отровен гас врз сопствениот народ. Тој во интервјуто во пресрет на самитот на Г20 во Санкт Петербург го предупреди Западот да не презема еднострана акција во Сирија. Путин наведе дека Москва и испорачала на Сирија компоненти на системот за противвоздушна одбрана С300, но оти ја замрзнала натамошната испорака. Тој изрази жалење поради одлуката на Обама да ја откаже средбата со него во Москва пред самитот на Г20, но изрази надеж дека тие ќе имаат сериозни разговори за Сирија во Санкт Петербург.