Басеску бара еутаназија на бездомни кучиња

Романскиот претседател Трајан Басеску повика на итно прифаќање закон со кој ќе се дозволи евтаназија на илјадници улични кучиња. Апелот беше упатен во телевизиско обраќање, ден откако дете на 4-годишна возраст беше искасано од улични кучиња во парк во Букурешт.
Басеску повика за евтаназирање улични кучиња само ако тие се болни. Според весникот Евениментул зилеј, кучињата кои го убиле детето, се на невладина организација од Букурешт – Фондација Калеидоскоп.
Според локалните медиуми, на улиците во главниот град има околу 64.000 бездомни кучиња.
Во Романија функционираат околу 100 невладини органзиации за заштита на животни. Нацрт-законот кој дозволува стерилизирање бездомни кучиња е блокиран неколку месеци во правната комисија на парламентот.