Се продлабочува енергетската соработка меѓу Туркменистан и Кина

Кинескиот претседател Кси Џинпинг на средба со неговиот туркменистански колега Гурбангули Бердимухамедов во Ашкабад.

Кинескиот претседател Кси Џинпинг ја продолжува посетата на Туркменистан. Вчера, кинескиот претседател и неговиот туркменистански колега Гурбангули Бердимухамедов потпишаа неколку договори, вклучувајќи и договор за продажба на туркменистански гас на Кина. Туркменистан ќе извезува во Кина по 65 милијарди кубни метри гас годишно до 2020 година. Џинпинг за медумите изјави дека енергетската соработка меѓу Кина и Туркменистан служи како модел за глобалната енергетска соработка. Туркменистан е клучен снабдувач со природен гас за Кина, додека Кина е најголемиот трговски партнер на Туркменистан. За време на централно-азиската турнеја, кинескиот претседател ќе ги посети и Казахстан, Узбекистан и Киргистан. Ова е првпат тој да го посети регионот откако ја презеде функцијата во март. Утре тој ќе присуствува на самитот на Г-20 во Санкт Петерсбург.