Обама уверен дека Конгресот ќе поддржи удар врз Сирија

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека е уверен оти со членовите на Конгресот ќе постигне договор за воена интервенција во Сирија. Тој по денешниот состанок со конгресмените во Белата Куќа изјави дека е отворен за измени со цел да се изведе ограничена акција која би била јасен сигнал за претседателот Башар ал Асад.