Обама на средба и со геј активисти во Русија

Американскиот претседател Барак Обама во текот на неговиот престој во Санкт Петербург на самитот на Г20 на 5 и 6 овој месец ќе се сретне и со активисти за правата на геј заедницата. Американски официјални лица често пати за време на посетите на Русија се сретнуваат со невладини групи, но за прв пат активисти на ЛГТБ заедницата ќе бидат вклучени во агендата на еден американски претседател.