Јанукович инсистира на проевропски реформски закони

украинскиот претседател Виктор Јанукович

Во денешниот говор во парламентот, украинскиот претседател Виктор Јанукович ги охрабри пратениците да го забрзаат донесувањето на проевропските закони со цел поефикасна борба против корупцијата. Според него, овие закони се неопходни и за успех на претстојниот самит во Вилнус во ноември годинава на кој се очекува Украина да ја потпише спогодбата за асоцијација со Европската унија.