Доживотен затвор за членови на Муслиманското братство

Египетскиот воен суд денеска осуди единаесетмина припадници на Муслиманското братство на доживотен затвор поради напади врз војници на Синај во минатиот месец. Други 45 исламисти биле осудени на пет години затвор. Станува збор за први пресуди на членови на оваа организација по воениот удар и апсењето на претседателот Мухамед Морси во почетокот на јули.