ЕУ повикува да се почека на извештајот на ОН за хемискиот напад во Сирија

Меѓународната заедница би требало да почека инспекторите на Обединетите Нации да го комплетираат извештајот за употребата на хемиско оружје во Сирија, па потоа да превземат акција, изјави портпарол на Европската Унија. Тој додаде дека ЕУ најстрого го осудува хемискиот напад и повикува на цврста акција од меѓународната заедница, но смета дека треба да се почека на извештајот.