Египетската армија во акција против милитанти на Синајскиот полуостров

Египетската армија извршила воздушен напад против милитантите на Синајскиот полуостров, при што биле убиени 15 милитанти, јавија египетските медиуми. Од хеликоптери било стрелано врз две села во близина на границата со Израел и со Појасот Газа. Милитантите ги зачестија нападите врз египетските безбедносни сили во реонот на Синај, особено откако претседателот Мухамед Морси беше соборен од функцијата.