Русија регистрирала два балистички проектила во Медитеранот

Руското министерство за одбрана соопшти дека изутрината нивните радари детектирале два балистички објекта кои биле истрелани од централниот дел на Медитеранот кон источниот. Министерот за одбрана Сергеј Шојгу го известил претседателот Владимир Путин за овој настан, но други детали нема. Проектилите веројатно завршиле во море. Портпарол на израелската армија изјави дека тие не регистрирале никакво истрелување на балистички ракети. Соединетите Држави распоредија воени бродови во Медитеранот во рамките на подготовките за можна воена акција против режимот во Сирија.