Русија ги предупредува своите граѓани да не патуваат во земји, блиски со САД

Русија ги предупреди своите државјани кои се барани од Соединетите Држави да не патуваат во земји кои имаат договор за екстрадикција со Вашингтон. Во предупредувањето од руското министерство за надворешни работи се вели дека зачестиле случаите на апсење на руски државјани во разни земји, на барање на властите на Соединетите Држави. Прашањето за екстрадикција често предизвикува тензии меѓу Москва и Вашингтон, а ова особено се актуелизира во врска со Едвард Сноуден, кој доби азил во Русија, а САД го бараат за шпионажа.