Српскиот парламент ја поддржа реконструкцијата на владата

Српскиот премиер Ивица Дачиќ.

Српскиот парламент доцна синоќа ја поддржа реконструкцијата на владата на премиерот Ивица Дачиќ со што завршија неколкумесечните расправии меѓу коалициските партнери во власта. Дачиќ изјави дека реконструкцијата на владата е поради подобро соочување со предизвиците, како што е намалување на буџетскиот дефицит и реструктуирање на превработената администрација и државни претпријатија. Меѓу другите, српскиот парламент го изгласа 29-годишниот Лазар Крстиќ за нов министер за финансии. Младиот Крстиќ, кој има диплома од Универзитетот Јеил, треба да го намали растечкиот дефицит и јавниот долг на земјата. Тој најави дека ќе побара нов договор за кредит од ММФ, кој замрзна една милијарда евра наменети за Србија поради прекршување на ветувањата за трошење од минатата влада. ММФ бара Белград да ги намали трошоците за панзии и за државните претпријатија, како и да ги намали дефицитот и јавниот долг.