Груевски до Филе: Го донесовме извештајот 24/12 и очекуваме датум за преговори

Премиерот Никола Груевски денеска со писмо го информира еврокомесарот за проширување Штефан Филе за донесувањето на извештајот за случувањата од 24 декември во и пред Собранието, при што посочува дека тоа е направено за да не се загрози евроинтеграцискиот процес на Македонија.
„Направивме компромис во интерес на Македонија, наведува во писмото Груевски, иако не се согласуваме со правните со правните квалификации. Додава дека целосно застануваат зад имплементацијата на препораките содржани во него“.
За таа цел веднаш пристапивме кон конституирање на Работна група за спроведување на препораките на Извештајот кои ќе помогнат во надминување на причините кои ги предизвикаа немилите настани и ќе придонесе за дополнителна политичка стабилност во општеството, вели Груевски во писмото до Филе.
Груевски изрази надеж дека ваквите напори ќе наидат на соодветна валоризација во претстојниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија и очекување на скорешен датум за почеток на преговорите за членство во Европската Унија.