Расмунсен повика на цврст одговор кон режимот на Сирија

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен повика на цврст одговор на употребата на хемиско оружје во Сирија.
На прес-конференцијата во Брисел, Расмусен изјави дека видел докази дека сирискиот режим е одговорен за напад со хемсико оружје на 21 август во едно предградие на Дамаск кога загинаа над 1.400 луѓе.
САД за тоа го обвинија режимот на претседателот Башар ал-Асад, додека Москва не е убедена во американските докази дека сирискиот режим стои зад нападот. Инспекторите на ОН ги анализираат примероците земени од местото на наводниот хемиски напад.