Во Македонија скоро 5000 слободни работни места

Во второто тримесечје во Македонија имало 4.873 слободни работни места, соопшти Државниот завод за статистика, наведувајќи дека најголем број имало во скопскиот регион, над 1610. Најмногу слободни места, односно 1600 има за работници во услужни дејности и продажба.