Москва ја предупреди Молдавија околу ЕУ

Рускиот заменик премиер Дмитри Рогозин

Рускиот заменик премиер Дмитри Рогозин денеска изјави дека ако Молдавија ја потпише Спогодбата за асоцирање со Европската унија тоа ќе ги усложни напорите за решавање на конфликтот околу отцепениот регион Трансдњестар. Тој додаде дека по таквиот чин Москва ќе ги преиспита сите договори со Молдавија, што би имало, како што оцени, погубни последици за таа земја.