Иран ослободи неколкумина словачки параглајдеристи

Словачкиот премиер Роберт Фицо

Иран ослободи шестмина од осумтемина параглајдеристи обвинети за шпионажа. Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека тие биле третирани добро и повтори дека тие биле вклучени во шпионски активности. Словаците беа упасени во мај годинава за летање над Исфахан, каде што има иранска нуклеарна постројка. Фицо додаде дека двајцата словаци останале во Иран се додека не биде завршена истрагата за нив.