Условни казни за тепачи на новинари во Украина

Три лица добиле условни казни за тепање двајца украински новинари. Судот во Киев ги осуди на две и три години условен затвор. Тројцата претходно ја прифатија вината и им се извинија на новинарите Олха Снитсарчук и Вадим Содел. Инцидентот што се случи во мај годинава поттикна протести на новинарите во Украина кои бараа да им се суди на виновниците. Пратениците на опозицијата побараа објаснување во врска со наводите дека во тепањето на новинарите била вклучена и полицијата.