Состанок на работната група на Собранието за препораките

Илија Димовски

Членовите на работната група за имплементација на препораките од Извештајот на Комисијата за испитување на настаните во и пред Собранието на 24 декември денеска треба да одржат седница, прва по конститутивната која што се одржа во минатата недела. Работната група има шест члена. Претседавач е пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, а членови се Благородна Дулиќ од ВМРО-ДПМНЕ, пратениците Игор Ивановски и Цветанка Иванова од СДСМ, пратеникот Неџати Јакупи од ДУИ, додека ДПА нема да учествува во работата на оваа комисија. Во состав на оваа работна група ќе учествува и претставник на ЕУ. Работната група ќе работи на имплементација на единаесетте препораки за кои ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ постигнаа согласност, а произлегуваат од Извештајот на ад-хок комисијата.