Грчката влада сама ќе се справи со приватизацијата

Грчкиот премиер Андонис Самарас и министерот за финансии Јанис Стурнарас изјавија дека продажбата на државни акции ќе биде спроведена од агенцијата, создадена за таа цел, а не од странска фирма, управувана од странски менаџери. Нивната изјава уследи по наводите на меѓународните кредитори дека се разочарани од темпото на приватизација и оти бараат да се формира агенција во странство, чија обврска ќе биде продажбата на државни акции. Стурнарас категорично го демантираше весникот „Етнос“, кој објави дека Фондот за развој на активите на Грција ќе биде дислоциран во странство. Двајцата последни директори на Фондот поднесоа оставки во изминатите шест месеци.