Премиерот на Франција на состанок со пратениците за Сирија

Премиерот на Франција Жан Марк Еро најви дека денеска треба да се состане со шефовите на одборот на Парламентот на Франција за одбрана и безбеднсот и со лидерите на пратеничките групи да го разгледа прашањето за учество на француската војска во итервенцијата во Сирија. Францускиот Парламент треба прашањето да го разгледа во среда.Одлуката на американскиот претседател Барак Обама да побара одобрување од Конгресот за воениот напад врз Сирија покрена барања Франција своето учество во таа интервенција исто така да го одобри во францускиот парламент.