Папата Франциско ќе ја предводи молитвата за мир во Сирија

Папата Франциско денеска ја осуди употребата на хемиско оружје во војната во Сирија и најави дека во сабота на 7.септември на плоштадот Св. Петар ќе ја предводи молитвата за завршување на војната во таа земја.Папата кажа дека освен молитвено бдеење за тој ден ќе биде прогласен и пост. Папата го повтори повикот до сите завојувани страни да го одложат оружјето и да најдат харброст за отпочнување преговори.