ООН –Во август во Ирак загинале повеќе од 800 луѓе

Обединетите нации објавија извештај во кој се наведува дека над 800 луѓе биле убиени во насилствата во Ирак во текот на август. Во извештајот што е објавен денеска се вели дека насилството во Ирак продолжува, иако е со помал интензитет во август во споредба со јули. Претставници на Обединетите нации изјавија дека 5 илјади цивили биле убиени а 12 илјади ранети од почетокот на годината. Најголем дел од насилствата биле испровоцирани поради сомневањата дека предоминантната шиитска влада на премиерот Нури Ал Малики настојува на сунитите кои се малцинство да им даде споредна улога во државата .